Жугиќ: Ја руши ли Шилегов Универзална за да ја исполни квотата на зеленило за 50 нови згради кај Треска?

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, треба да ѝ одговори на јавноста дали зад рушењето на Универзална сала се кријат и некои бизнис-интереси, побара денеска Јелена Жугиќ, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

Локацијата на салата е во истата градска четврт во која се наоѓа и кругот на поранешната фабрика „Треска“, каде со измена на градежниот урбанистички план се планира да се изградат 50 нови згради. За да може станбениот комплекс да се реализира ќе треба да биде застапен и соодветен процент на зеленило, па можеби ете процентот ќе биде исполнет со паркот на местото на концертната сала? Дали Универзална сала станува жртва на бизнис-интересите на градската и извршната власт, прашува Жугиќ.

Жугиќ додаде дека скопјани не се согласуваат и апелираат градоначалникот да ја повлече одлуката за уривањето на Универзална сала.

Наместо уривање, Скопје и скопјани заслужуваат грижа и работа, проекти и капитални инвестиции преку кои Градот Убав ќе се развива како европска метропола, кажа Жугиќ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста