Стотици милиони евра инвестиции од Јужна Кореја во Унгарија

Стотици милиони евра се очекува да се влеваат во Унгарија во инвестиции од Јужна Кореја оваа година, изјави министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

На официјалната посета на Сијарто во главниот град на Јужна Кореја  – Сеул, се разговарало за соработка помеѓу двете земји, со што неколку фабрики за проиводство на батерии за електрични автомобили, одлучиле да основаат погони во Унгарија.

Овие компании го ценат унгарското, деловно опкружување, политичката стабилност и посветеноста, стручноста и трудоубивоста на Унгарците, како и најнискиот корпоративен данок во Европа. Унгарија треба да остане предводник на европското производство на автомобили во ерата на електричните возила- изјави Петер  Сијарто, министерот за надворешни работи на Унгарија

Трговијата меѓу Унгарија и Јужна Кореја достигнала до 3,5 милијарди долари минатата година, и покрај тешкотиите во светската економија, а унгарскиот извоз во Јужна Кореја пораснал за 35 отсто од јануари до април годинава.

Инаку, Јужна Кореја ја замени Германија како главен инвеститор во Унгарија, уште во 2019 година.

За време на посетата, Сијарто се состанал со неговиот колега од Јужна Кореја, министерката за надворешни работи Канг Kyнг, министерката за трговија Ју Мијунг, како и со претставници на големи светски компании.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста