Власта го изигра стопанството за добивање државна помош за субвенции за плати, работодавачите збунети, од Владата молк

Власта ги изигра стопанствениците за добивање државна помош за субвенции за минималната плата. Поддршка ќе има, ама само за оние фирми кои не добиле државна помош за справување со последиците од ковид кризата. Клучен услови кој ја ограничува можноста за субвенции на дел од придонесите во износ од 1.197 денари по вработен, е фирмиата да не биде корисник на државна помош за зголемени плати од 600 до 6000 денари. Од ваквата одлука изненадени се и работодавачите. Велат дека кога преговарале во Владата, ова не било договорено.

  • Искрено се чудам зошто е воспоставена ваква методологија. Не можеме да прфатиме ако предлогот не биде онака каков што го предложиме и каков што треба да е исполнет. Тоа е фер дијалог од сите засегнати страни. Ние бараме принципелно да го одржи зборот Владата, каков што беше и договорот со Синдикатите, вели за Алфа Миле Бошков, Претседателот на Конфедерација на работодавачи на Македонија.

Зошто Владата ја употребува ваквата методологија за доделување на помош, која реално истата ќе ја ограничи за голем дел од фиртмите, засега е нејасно. Алфа праша во Владата но од таму барем за сега нема одговор. За мерката нема да можарт да аплицираат ниту компаниите кои земаат субвенции преку Оперативниот план за вработување. За колкав број на компании станува збор засега е нејасно.

Па така, тие фирми што за време на пандемиската криза зеле пари од државата, сега нема да смеат да побараат. Стопанството, сите ние велиме дека ова не е фер. Ова само дополнително ќе ги компликува состојбите и ќе му отежмнне на бизнисот, но и ќе мотивира зголемување на сивата економија, велат стопанствениците.

Работодавачите се надеваат дека до такво нешто нема да дојде. Но доколку дојде  тоа анонимно ќе може да се пријави во инспекцијата.

Договорот за минималната плата власта и синдикатот го претставија како историски. Повисокиот минималец треба да започне да се исплаќа од април за над 80.000 граѓани во висина од најмалку 18.000 денари. Планот ќе стане оперативен откако процедурата ќе заврши целосно во парламентот. Од Владата соопштија дека мерката ќе тежи околу 16 милиони евра.

Предложеното покачување пензии и плати во јавниот сектор може да го чинат буџетот уште неколку стотини евра. Нема одговор од каде да се најдат овие пари во услови кога владата лани потрошила 630 милиони евра повеќе од што има, а јавниот долг надмина рекордни 7 милијарди евра.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста