Вардар ЛШ ја стартува со гостување кај Брест Мешков и тоа пред публика, Белорусите веќе ги продаваат картите за дуелот во септември

Откако ги добија противниците и групата во која ќе разигруваат во новата сеозна од ракометната лига нашампиони дел од клубовите веќе не губат време на подготвоките за она што им претстои во новото издние на елитниот шампионат. Вардарци откако го заокружија ростерот со комплетирањето на тимот и новиот член Лово Јотиќ кој настапува на позицијата средне бек, имаат уште неколку денови одмор до почетокот на подготвоките за новата сезона терминот е 18.јули. Време никако не губи ниту еден од противниците на скопскиот  тим, екипата на Мешков Брест која е прв противник на Вардраци во групата А каде се уште и ПСЖ, Килце, Пик Сегед, Фленсбург, Порто и Елверум. Тимот на Стевче Алушовски започнува со гостување во Белорусија или земјата во која во ниту еден моменот од глобалната панедмија со Ковид-19 немаше строги рестриктивни мерки. Па така очекувано е дека на споменатиот дуел меѓу Врест и Вардар ќе има и публика, посебно што домаќинот на мечот од скоро време ги пушти во продажба билетите за овој натпревар кој ќе се игра на 16 или 17 септември.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста