Едно во опозиција друго на власт, Заев не се плашел од бомбите ама не биле законски – поднесе кривична пријава

Целта е единствена – ДА ЈА ВРАТИМЕ СЛОБОДАТА И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА, ДА ГИ ВРАТИМЕ ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ.” – изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев на првата прес конференција од проектот “ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА” на 09.02.2015год.

Вака лидерот на СДСМ преку објавување на прислушувани разговори сакаше да ја врати правдата и демократизацијата во Македонија. Сега, речиси 5 ипол години подоцна поднесува кривични пријави за објавување на снимани разговори во јавноста, во кои главни актери се наводно Заев и луѓе блиски до него. Едно зборуваше тогаш, друго зборува сега…тогаш можеше да се објавуваат бомби , а сега било противзаконско.

Во 2015тата година Заев го почна проектот Вистината за Македонија, за кој вели бил транспарентен и се штитела приватноста на оние кои биле прислушувани, а за новите бомби објавени периодов според првиот човек на социјал-демократите кривични пријави поднел оти морало процесот да се истера до крај.

Заев во интервју за МИА објаснува дека СДСМ се однесувал одговорно кога објавувал прислушувани материјали.

….кукавички е да се пуштаат разговори на начин на којшто се крши законот денеска тоа е типично само за опозицијата. СДСМ секојпат тоа го правел согласно закон како што е дозволено, објавувајќи со кривични пријави во времето кога дури и кога не беа забранети јавните објавувања на разговорите, истакнува првиот социјалдемократ.

Во објавените аудио материјали на видео платформата YouTube надводно Заев и неговите соработници зборуваат за дека ќе собреле и шуто и рогато и ќе пуштеле низ вода, зелени светла за палење автомобили за членови на опозицијата, разговори со црногорски бизнисмен за суми од 300 000 евра, каде беше споменуван и референдумот…

Доколку има индиции за криминал во разговорите, тие нема да можат да се користат како докази оти со новиот закон за обвинителство кој СДСМ го истурка тие не можат да се користат како доказни материјали. Како доказни материјали можат да се користат само бомбите објавени до 30 јуни 2017 година, во чии разговори беа функционери само на ВМРО-ДПМНЕ.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста