Требаше ли да се случи Бејрут за да се сетиме на темпираната бомба во „Охис“?

На Скопје не може да му се случи Бејрут, ама и тоа како може да отровната хемикалија од „Охис“ да го разори и задуши цело Скопје, тврдат врботени од фабриката во изјава за Алфа. Велат дека опасниот винил хлорид складиран во фабриката може да предизвика труење на жителите од главниот град, особено од Кисела Вода, Драчево и околните населени места.

– Ова е ужасно, катастрофално. Да знаете и сите нека знаат, дека се кријат документи и факти. Станува збор за една од најопасните материи, која се чува на специјална температура под 20 степени, затоа што е лесно запалива и мора постојано да се разладува, особено во летните месеци, кога температурите во Скопје знаат да се искачат и над 40 степени. Цистерната има физичко обезбедување од 24 часа, вели за Алфа вработена во „Охис“.

Како што предупредуваат стручните лица и поранешни вработени во Охис, ако дојде до некаква хаварија половина град ќе биде уништен, со катастрофални последици, ако се има предвид дека живата и натаму ја има во почвата.

– Во последно време за живата во „Охис“ и никој не зборува, тоа нее лошто, туку прелошо. Се работи за токсична хемикалија опасна доколку се вдишат нејзините испарувања. Надлежните велат дека се веќе во преговори со француска фирма која по завршувањето на пандемијата искажала подготвеност соодветно да ја уништат оваа хемикалија, но до сега се е само на зборови, страшно, алармираат вработените кои многу добро ги познаваат работите.

Паниката во јавноста побрза да ја смири министерството за животна средина. Ваквите дилеми во јавноста ги нарече дезинформации и најави дека кога ќе дозволеле временските услови цистерната со оваа опасна хемикалија ќе била преточена и транспортирана во Германија.

Од Животна средина немаат објаснување што се подразбира под „временски услови“ ако се потсетиме дека и во јануари кога се случи хаваријата министерството го даде истото ветување. Сепак, убедуваат дека винил хлоридот се чувал според сите прописи. Претходните месеци според министерството, биле склучени договори со Германија. Тврдат дека веќе биле набавени и пристигнати две цистерни каде опасниот отпад ќе се преточува и со кои ќе се транспортира.

Токму неодржувањето на опремата во Охис, во ноември лани, резултираше со истекување на водата од неисправен вентил на цистерна во кои беше складиран метил акрилат мономер. Населението во овој дел на градот се жалеше на последици по здравјето.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста