Сообраќајна незгода меѓу автомобил и електричен тротинет во Скопје

На 21.09.2020 во 17.15 часот на бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје, на место каде се спојува со сервисна улица која води кон паркинг од Соборен храм „Св.Климент Охридски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мазда 3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.М.(47) од Скопје и електричен тротинет, управуван од Е.С.(36) од Скопје. По незгодата Е.С. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста