ПОЗНАТИ ПРОТИВНИЦИТЕ НО И ЗАРАБОТКАТА НА ЕП 2021 ДОКОЛКУ ЈА МИНЕМЕ ГРУЗИЈА

Доколку славиме на историското финале против Грузија, не само што за прв пат ќе се најдеме меѓу најдобрите фудбалски земји на стариот континент, туку и во касата на ФФМ ќе легнат 9.25 милиони евра. Оваа цифра може да расте бидејќи секоја победа носи 1,5 милиони евра, реми 750 илјади евра а прогрес во елиминациите 2 милиони евра. Веќе е позната и групата со евентуалните противници, па доколку ги победиме Грузијците на Европско ќе играме против Австрија, Украина и Холандија.