Портланд и Мемфис ќе имаат Плеј Ин двомеч за место во НБА плеј офот

Портланд во драматичен финиш славеше со Бруклин со 134-133 во најважниот меч од НБА сезоната за нив и си обезбеди плеј ин меч со Мемфис за последниот осми учесник од западот во плеј офот. Треилбејзерси кај кои одново блескаше Демиен Лилард со 42 поена в сабота и в недела во Орландо ќе се соочат со Гризлис кои славеа со Милвоки со 119-106 најмногу по заслуга на Јонас Валанчиунас кој имаше трипл дабл од 26 коша, 19 скока и 12 асистенции.  Победникот од овој двомеч во првиот круг од разигрувањето оди на лидерот во таа конференција ЛА Лејкерс. Инаку овие триумфи на Портланд и Мемфис ја поништија победата на Феникс со Далас од 128-102, па Санси си патуваат дома. Од разигрувањето испадна и Сан Антонио кој по поразот од Јута со 112-118 по 22 години ја пропушта непосредбата битка за титулата. Вечерва за крај на овој дел од сезоната има уште четири средби, но тие немаат никакво значење зошто двојките за плеј офот се формирани, а истиот по плеј ин натпреварите започнува веќе в понеделник со четири први одмерувања .

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста