По три дена лекување, Трамп се врати во Белата куќа

По три дена поради лекување од Ковид-19 во болницата Волтер Рид театарско враќање на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.

Трамп, напуштајќи ја болницата,носеше маска, но ја извади додека позираше пред фоторепортерите. 

Тој и понатаму е заразен со коронавирус и според упатствата на Центарот за контрола и превенција на болести, тој треба да остане во изолација најмалку уште 10 дена.

По пристигањето во Белата куќа, Трамп објави кратка порака на Твитер во која им порача на Американците дека имаат на располагање најдобри лекови, неодамна развиени.

Ќе го победите коронавирусот. Ја имаме најдобрата медицинска опрема, ги имаме најдобрите лекови и сето тоа е неодамна развиено. Како ваш лидер, јас морав да го направам тоа, иако знаев дека има опасности. Сега сум подобро. Можеби сум имун, не знам“ вели Трамп во видеото.

Трамп додека е позитивен на вирусот ќе работи во привремена канцеларија, што се наоѓа на нивото на подрумот, во непосредна близина на болничкото крило во Белата куќа, пренесува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на добро информирани извори.

Американскиот претседател планира и да учествува и на претседателската дебата закажана за 15 октомври со демократскиот противник Џо Бајден. На втората дебата што ќе се одржи во Мајами, кандидатите треба да одговораат на прашањата од гласачите.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста