Манчестер Сити и Лион ја составија новата 1/4 финална двојка во Лигата на шампионите

Манчестер Сити и Олимпик Лион беа подобри од Реал Мадрид и Јувентус, просперираа во Лигата на Европските фудбалски шампиони и ја составија третата двојка за четвртфиналето. Англичаните на Итихад повторно со 2-1 беа подобри од кралевите за вкупни 4-2, а Французите загубија со 2-1 во Торино, но со вкупни 2-2, и токму заради голот на гости беа поуспешни од фаворизираниот италијански шампион. Манчестер Сити и Олимпик Лион ќе се сретнат на 15. август во Лисабон и ќе се борат за полуфинале отакако тоа претходно ќе го сторат и Аталанта и ПСЖ односно Лајпциг и Атлетико Мадрид.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста