МАЈАМИ ГО ИСФРЛИ МИЛВОКИ (4-1), ЛЕЈКЕРС ПОВЕДЕ ПРОТИВ ТОРОНТО (2-1)
Мајами за прв пат по 2014-та година се избори за финале на Истокот откако со 4-1 во победи го мина најуспешниот тим од регуларниот дел во НБА, Милвоки. Бакси во петата пресметка без повредениот Антетокумпо ја контролираа играта само во првиот квартал, а потоа се беше во знакот на „Жешките“ за триумф со 103-94. Драгиќ и Батлер предводеа со по 17 поени, кај Милвоки Мидлтон заврши со 23 коша. Мајами во Источното финале за противник го чека подобриот во серијата меѓу Бостон и Торонто. Селтикси водат со 3-2 против шампионот. ЛА Лејкерс со 112-102 го совлада Хјустон и поведе со 2-1 во полуфиналната серија на Запад. Вечерта ја обележа Леброн Џејмс со 36 поени, но и со нов рекорд. Сега тој е кошаркарот со најмногу победи во разигрувањето за титулата, 162, или една повеќе од довчерашниот лидер, Дерик Фишер.