Кои се првични сомнежи за причините за несреќата во Бугарија?!


Deprecated: Implicit conversion from float 1714300449.02489 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Автобусот со македонски државјани излетал на автопатот Струма кај бугарското село Боснек, во близина на Перник. Според првичните информации пукнала предната десна гума од автобусот, по што тој удрил во банкина по која се влечел. Во тие моменти се излеало гориво бидејќи работело парното во автобусот. Избувнал пожар и дошло до кобната несреќа за патниците кои од Истанбул се враќале кон Скопје.

Пожарот избувнал во предниот дел на автобусот и затоа е потполно опожарен напред. Овие детали во изјава за Бугарската национална телевизија ги обелодени Васко Пиргов, кој е експерт за мотори со внатрешко согорување и бил меѓу првите кој стигнал утрината на кобната клучка. Според него, возачот имал туби полни нафта, најверојатно дизел, до предните седишта, а токму поради ова дошло до експлозија.

„Пожарот е настанат поради човечка грешка на шоферот, кој се загледал по патот. Таму постои една чешма кај која запираат луѓето коишто имаат потреба, тоа е за пазуа, има такви повеќе локации, а тоа е заградено со банкина. Влегувајќи во банкина шоферот го удира и го криши знакот кој означува дека таму чешма. Тој знак одлетнал околу 35 метри. Веројатно автобусот се движел со повеќе од 100 километри на час. Од автобусот нема ниту еден траг од кочење, значи возачот не реагирал адекватно“, вели Васко Пиргов, експерт за мотори со внатрешно согорување.

Истрагата на бугарските власти треба да ги открие причините за настанување на пожарот и за кобната трагедија која ги потресе двете земји. Во истрагата се вклучи и македонската полиција.

„По телефонскиот разговор со мојот бугарски колега Рашков, тим на Министерството за внатрешни работи предводен од помошник директорот на униформирана полиција, а составен од претставници на Секторот за сообраќајната полиција и Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења веќе е на пат за Бугарија и стои на располагање за помош и поддршка на бугарските колеги. Очекувам брза и сеопфатна реакција на надлежните служби“, вели Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот бугатрски колега Стефан Јанев денеска не дадоа инфомации за причините за сообраќајната несреќа во која загинаа 45 патници од Македонија, кои се враќале од Турција. И двајцата премиери изјавија дека тоа ќе го утврдат истражните органи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста