Халеп одлучи годинава да го пропушти УС Опен

Симона Халеп одлучи годинава да го пропушти УС Опен. Романската тенисерка преку нејзините профили на социјалните мрежи соопшти дека откако ги разгледала сите фактори и актуелните околности одлучила годинава да не патува во Њујорк. Тенисерката нагласи дека отсекогаш сметала дека здравјето треба да биде на прво место при носењето на вакви одлуки и токму поради тоа е решен да остане во Европа .  Халеп е инаку во моментов втора тенисерка на планетата, а пред неа учеството на УС Опен меѓу останатите тенисерки кои се во ТОП 10 го откажаа и  Ешли Барти, Елина Свитолина, Бјанка Андреску, Кики Бертенс и Белинда Бенчиќ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста