Еве кои филмови ќе се прикажуваат на фестивалот на европски филм „Синедејс“ во Скопје

Во рамките на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ кој почнува вечерва и ќе трае до 24 септември премиерно ќе бидат прикажани седум филма кои се поддржани од Агенцијата за филм. Филмовите се во категоризација на мнозински копродукции и филмови со македонско малцинско учество.

Освен филмот „Стела“ ќе бидат бидат прикажани и следните филмски остварувања: „Сирена во Париз“ во режија на Матијаз Малзиу (Франција) ќе се одржи на локација Парк Ибни Пајко на 19 септември со почеток во 21 часот, „Летечкиот циркус“ во режија на Фатос Бериша (Косово) ќе биде прикажан на локација Парк Ибни Пајко на 20 септември со почеток во 20 часот, „Моето езеро“ во режија на Ѓерг Џувани (Албанија) ќе биде прикажан на локација Парк Ибни Пајко на 21септември со почеток во 20 часот, „Малмкрог“ во режија на Кристи Пуиу (Романија) ќе се одржи на локација Парк Ибни Пајко на 21 септември со почеток во 20 часот, „18% сиво“ во режија на Виктор Чучков (Бугарија) ќе биде прикажан на локација МКЦ парк на 22 септември почеток во 20 часот.

„Синедејс“ ќе се затвори со македонската премиера на филмот „Хомо“ на Игор Иванов Изи, на 24 септември со почеток во 20 на локација кровот на ГТЦ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста