БРУКЛИН и ОРЛАНДО се последните учесници на НБА плеј офот на истокот

Бруклин и Орландо се последните патници за источното конференциско четвртфинале во НБА. Нетси синоќа го победија Сакраменто со 119-106, а Меџик загуби од Филаделфија со 108-101, но поважно за нив е што пораз претрпе Вашингтон од Њу Орлеанс со 118-107, па сега Визардс во преостанатите средби никако не можат да дојдат до доволно победи за место во плеј офот. Од останатата петочна НБА понуда го издвојуваме дуелот на вториот и третиот на истата страна, во кој Бостон славеше со Торонто 122-100 и ги одржа шансите овие два тима во последен миг да ги сменат стартните позиции за разгигрувањето.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста