Ангеловски се збогуваше, Милевски прв фаворит за нов селектор

Поразот од Холандија на ЕП беше последен и за Игор Ангеловски, по пет ипол години на селекторската функција. Популарниот Мрме на социјалните мрежи го потврди своето заминување по истекот на актуелниот договор на 31 јули, и најави дека е време за нови предизвици. Ангеловски ќе остане запаметен како селектор со најдолг стаж на клупата, и најдобар по успешност со вкупно 52 натпревари, од кои 23 победи, 11 нерешени и 18 порази. Негов наследник на клупата најверојатно ќе биде Благоја Милевски, моменталниот селектор на младата репрезентација и творецот на „златната генерација“ која пред четири години за прв пат настапи на еден континентален собир.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста