Ново видео на Фејсбук од маж кој со кола влета на плоштадот и се крстеше пред споменикот на „Цар Самоил“


Deprecated: Implicit conversion from float 1714327333.423694 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Ново скандалозно видео од непознат маж кој со својот автомобил возеше низ скопскиот плоштад, исплива на социјалните мрежи. На видеото може да се види како човекот излегува од колата и на колена се крсти пред споменикот на „Цар Самоил“ на плоштадот Македонија, и тоа во забранетата зона.

Засега нема информации од полицијата и дали овој возач кој прави прекршок ќе биде казнет.

Колку за потсетување, ова е трет случај како возачи прават сериозни прекршоци во главниот град. Минатата недела жител на Арачиново, со своето луксузно „Бентли“ буквално влета на плоштадот во Скопје и ја загрози сигурноста на присутните граѓани, за што доби казна од само 45 евра.

Ден потоа, друг возач исто така беше казнет зашто возеше по тротоар на еден од булеварите во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи веќе неколку дена без одговор дали ќе бараат кривична одговорност од возачот на „бентлито“, како што кажа градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Нема одговор ниту од Град Скопје дали преземаат активности за дополнително казнување на возачот. За разлика од Шилегов, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не најави кривична одговорност, туку посочи дека казната од 45 евра не била доволна.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 174