Поплави во Србија. Вонредна состојба во седум општин


Deprecated: Implicit conversion from float 1714285822.137107 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Прогласена вонредна состојба во седум општини во западна Србија поради обилните врнежи од дожд. Водостоите на реките во овој регион  се зголемуваат.   Како што јавуваат српските медиуми се излеала реката Јадар, се поплавиле околу 150 куќи и неколку земјоделски објекти.

Во моментот најкритично е во општините Љубовија и Гуча, бидејќи таму врне од утрово.

Во неколку населени места надојдената вода поплави десетици објекти, еден мост е урнат, а 48 луѓе се евакуирани. Тамошните власти велат дека будно ја следат состојбата на најкритичните места.

Денеска ќе заседава кризниот штаб за вонредни ситуации во една од најзасегнатите општини.

Сообраќајот на неколку регионални патишта е во прекин.

И  БиХ е под вода а сообраќајот сообраќајот на дел од магистралниот пат Тузла – Сараево беше целосно прекинат поради големото свлечиште што започна во Витаjе кај Кладањ поради обилните врнежи од дожд што ја зафатија оваа област во текот на изминатите 24 часа.

Инаку, Кладањ во моментов е најпогодената област во кантонот Тузла, голем број станбени згради се под вода, уништени се неколку мостови и патната инфраструктура.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста