Велика Британија ја надмина Шпанија по бројот на жртви, повеќето земји со полабави мерки


Deprecated: Implicit conversion from float 1714282181.287408 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Србија најави можно укинување на вонредната состојба кон крајот на идната недела.

 „Ние ќе излеземе од кризата многу подобро од некои земји во Европа,  Србија може да биде меѓу првите три земји во Европа со стапка на раст“. – рече Александар Вучиќ

Словенија ги отвори библиотеките, галериите и музеите, поради поповолна епидемиолошка состојба поврзана со корона вирусот, а наредниот понеделник е дозволено да работат гостилниците и локалите со места на отворено.

Во понеделник, во Грција ќе се отворат фризерските и козметичките салони, книжарниците, продавниците за електроника, за спортска опрема, цвеќарниците, како и Центрите за техничка контрола на возила.

Босна и Херцеговина во средата го пријави својот најостар дневен пораст на нови инфекции со коронавирус овој месец, откако нејзините два автономни региони постепено почнаа да ги олеснуваат блокадите.

Во Белгија, жена која наполни 100 години, закрепна од Ковид-19 и е пуштена од болница.

Велика Британија стана втора држава по бројот на жртви од Ковид-19 во Европа. Тамошните власти најавија дека вонредните мерки нема да бидат олеснети, стравувајќи од нов бран на пандемијата.

Финската Влада соопшти дека на 14 мај ќе бидат отворени основните училишта кои беа затворени од 18 март поради пандемијата со Ковид 19.

Корона вирусот не ги избегна и затворите. Над половина затвореници во федералниот затвор во Лос Анџелес се позитивни на Ковид-19, соопшти  американското Биро за затворски систем.

Адријана Алексиеска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста