Поевтино е да се купи тегла зеленчук, отколу да се прави зимница

Тешка е годинава а уште потешка ќе биде зимата што допрва не чека. Цените на храната вртоглаво растат. Со ваквите изгор цени тешко дека луѓето ќе успеат да си направат по некоја тегла зимница за да се прехранат. Тие се жалат дека со малите плати и пензии не можат да си дозволат да ги купат потребните намирници за зимница, имено таа стана луксуз за разлика од последните години.

Анкета

Не не, не ни планирам. Вака кило по кило ќе земам. Премногу е поскапено, сега гледав какви се цените, со ниска пензија нема никакви шанси за преживување.

Тешко, со пензија од 15.000 што ќе направиме. Немаме пари.

Па кој сака да направи, мислам дека може да направи макар во помала количина. Ако некој правел 20 тегли сега ќе направи 15. Тој што прави мислам дека ќе прави и оваа година само во помала количина.

Дополнителен е трошокот за струја, дрвата за огрев, маслото за јадење кое достигна цена од 170денари а кои влегуваат во пресметката за зимниците. За жал не се ни планираат зимници, нема со што.

Ако се приступни цените на готовите производи ќе купиме инаку не знам што да кажам. Многу е скапо, каде ќе одиме, каде ќе стасаме не знам.

Се се покачи, јас купувам од маркет, ама сегде е скапо. Многу тешко

Тешко е многу ама се снаоѓаме некако

Луѓето веќе нема ни од каде да штедат, поскапувањата си го направија своето. Се е поскапо а платите остануваат исти. Се жалат дека не можат да го поминат ни месецот а камо ли годината. Дека живеачката поскапува, а најмногу храната потврдува и Статистика, инфлацијата достигна стапка од рекордни 16.5% , а за да преживее едно 4-члено семејство, според минималната синдикална кошничка измерена во јули, потребни се над 40.000 денари.

Бојана Златкова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста