Додека Бугарија си ги финансира своите здруженија, Македонија крена раце од Македонците во Бугарија

Бугарија секоја година издвојува средства од државниот буџет за отворање организации, здруженија, културни центри надвор од границите, а  карактеристични за бугарскиот народ. Македонија не само што не отвора нови,туку на ниту еден начин не ги почитува и поддржува постоечките. Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин е дециден – Бугарија го злоупотребува генералното право за отворање вакви организации, посебно во Македонија за да води политика на провокации. Македонија наместо да одговори како што доликува, ја витка кичмата и води политика на молк.

Сите држави одвојуваат такви средства, но зошто Македонија тоа не го прави за македонските малцинства. Бугарија одвојува повеќе за Бугарите надвор отколку за малцинствата ВО Бугарија. Од Македонија, помош за отворање организации културни друштва никогаш немало. Последниот пример е обидот за отворање Клуб во Благоевград, Никола Вапцаров, тие се обратија до премиерот со писмо, но никогаш не добија одговор. Македонскиот клуб во Софија исто како да не постои. Македонија спроведува една чудна политика, акко да не сака да издвојува пари за македонците зад границата, а од друга страна, Бугарија го користи ова генерално право за да води провокативна политика спрема Македонија – вели Стојко Стојков од ОМО „Илинден – Пирин“.

Молкот на Македонија за отворањето на КЦ Ванчо Михајлов, и Здружението Цар Борис III, веројатно ќе биде охрабрувачки за Бугарија и натаму овие права да ги користи за да го провоцира македонскиот народ. Според Стојков, додека Македонија не покаже дека има храбра влада која побрзо би се откажала од ЕУ отколку да ги трпи провокациите на Бугарија, источниот  сосед и натаму ќе ги користи сите механизми да ја понижи Македонија.

Никој не не прашал за нашето мислење, никогаш немаме поддршка од Македонската држава, Бугарија официјално беше адвокат, го застапуваше друштвото во Макеоднија во Стразбур, а ние се бориме сами, 30 години сме изоставени и сами – вели Стојков.

Годинава бугарската влада повторно ги зголеми дотациите за поддршка на бугарските заедници надвор од границите на Бугарија, и истите изнесуваат 400.000 евра, односто 100.000 евра повеќе од минатата година. Овие пари се наменети за здруженија во Албанија, Србија, Косово, Молдавија и граѓани во Македонија со бугарска самосвест.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста