Нови напади со дронови во Москва

Со синоќешните напади со дронови во рускиот главен град, по втор пат за неколку дена е погодена една висококатница, информира градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.

Според неговата објава на Телеграм, нема повредени. Оштетена е фасадата на зградата, искршени се околу 150 метри квадратни прозорци. Московскиот аеродром Внуково беше привремено затворен, а сите летови во околината беа пренасочени.

Руското министерство за одбрана соопшти дека се работи за „терористички напад на режимот во Киев“.

„Повторно соборивме беспилотно летало над радио-електронската опрема и тој излезе од контрола и удри во деловен објект во Москва сити“, стои меѓудругото во соопштението.

Два дена претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека доаѓа војна во Русија. Во неделата над Москва беа соборени три беспилотни летала. Украинците не ја презедоа одговорноста за нападите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста