Македонија, Mакедонија одекнува деновиве во Берлин, на „Светската специјална олимпијада“ , нашата делегација има 19 атлети, млади и деца со попреченост

Македонија, Македонија одекнува деновиве во Берлин, каде се одржува „Светска специјална олимпијада“ на која учествува и македонска делегација. Меѓу 174 репрезентации, Македонија ја претставуваат 19 атлети, млади и деца со попреченост, кои се натпреваруваат во шест дисциплини. Спектакуларното отворање се случи вчера, а големата спортска манифестација ќе трае до 25 јуни. На едно место, ова светско случување обединува различни луѓе, со и без попреченост, луѓе од различни нации, култури, ставови и религии, демонстрирајќи како може да се надминат секојдневните бариери меѓу луѓето преку моќта на спортот. Се игра за победа – спортска, но и победа над предрасудите… Да им посакаме среќа и многу успех и дај боже да се вратат со некој медал… Но сепак важно е што се таму и што учествуваат, натпреваруваат и ја претставуваат Македонија……

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста