Инспекцијата го „чешлаше“ Кванташки, се контролираат трговците со овошје и зеленчук

Магацините во Кванташкиот пазар во Скопје тресени од пазарната инспекција. Во друштво на финансиската полицаја, инспекторите до детал го проверуваа сметководството на фирмите, односно завршните сметки. Алфа беше на лице место да види дали и колку се почитуваат одлуките за замрзнување на цените, но ниту еден од трговците не сакаше да зборува пред камера.

Зад камерите велат дека се било чисто како солза, и дека работеле согласно правилата. Намалување на цените, велат, тешко дека може да има, зашто сета роба им доаѓа од надвор, претежно од Грција. Ова е само еден од макацините, сместени овде на Кванташкиот пазар, увозниците велат дека производите им се со висок квалитет.

Првиот човек на Пазарниот инспекторат, Горан Трајковски, рече дека ќе има одземање на стоката од нерегистрираните трговци, но и денеска не кажа до каде е истрагата за трговците кои прикажувале лажни царински фактури за дебело да профитираат.  

На терен се над 30 инспектори на ДПИ во координација со тимови на Управата за финансиска полиција, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за одземен имот.

  • Секој што ќе ги прекршува законите, ќе одговара без селекција. Сите акции ќе продолжат интензивно и нема да застанат на цела територија. Утврдено е дека на кванташкиот пазар, а и низ цело Скопје и на цела територија, се лоцирани нерегистрирани трговци на мало. Сите што вршат нерегистрирана дејност, ќе одговараат по законите за кои е надлежен ДПИ. Постапуваме по законот за трговија. Денеска одиме по друг принцип, ќе има и одземање на роба, по законите за кои сме надлежни, вели Трајковски.

Тој нагласи дека системот мора да профункционира, во интерес на сите.

  • Никој не може да манипулира со населението. Системот ќе функционира по сите закони. Она што е увидено при деновите на контрола, дека се појавуваат покрај увозниците и нерегистрирани трговци кои вршат дејност, по законот за трговија, ќе им биде одземена робата, додаде Трајковски, и рече дека има трговци кои се обидуваат да ги манипулираат законите и граѓаните.

Од Eкономија очекуваaт во текот на неделаva да кажат детали за тоа дека повеќето увозници во последните месеци издавале лажни фактури на Царината и дека фактурите со кои ги купувале производите во земјите од регионот биле различни. Според надлежните, увозниците избегнувачле царина. Од Царината велат дека се уште е во фаза на прибирање докази.

Казните за непочитување на регулативата се движат од 800 до 10.000 евра зависно од големината на субјектот. Контроли на увозниците на овошје и зеленчук нема да застанат, и се спроведуваат низ целата држава. Претходно, во една од контролите, биле откриени и неколку тезги на кои на мало се работело на црно, иако Кванташкиот е исклуливо за продажба на овошје и зеленчук на големо.

Инаку, одлуката за замрзнување на цените на 11 видови овошје и зеленчук ќе трае до крајот на оваа недела.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста