Задолжителни ПЦР-тестови за патниците од Косово кои поминуваат низ земјава

Сите патници, државјани на Косово кои поминуваат низ Македонија, треба задолжително да приложат негативен ПЦР-тест, кој не е постар од 72 часа, одлучи Владата на денешната седница.

– На оваа своја седница Владата ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести согласно која сите патници, државјани на Косово коишто поминуваат низ Република Северна Македонија, треба задолжително да приложат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, соопшти владината прес-служба.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста