Данела Арсовска бара „амин“ за заем од 10 милиони евра за нови автобуси

Арсовска бара амин од советот на градот за заем од 10 милиони евра кај домашни банки.
Таа на денешната прес конференција го повика советниците да го одобрат задолжувањето, бидејќи со купување на 50 нови еколошки авотбуси ќе се подобрел јавниот превоз во градот и ќе станел по еколошки.

  • „На предлог на град Скопје пред советниците од советот на градот Скопје предложена е точка на дневен ред, за обезбедување на средства за набавка на нови еколошки автобуси за која потребно е градот да изгласа одлука со која ќе се овозможни набавката за овие возила“ – Изјави градоначалничката Арсовска.

Од ВМРО- ДПМНЕ велат дека денес не се расправа за 250 нови автобуси како што ветила Арсовска, туку за ново, слепо задолжување, без план за тоа, како ќе бидат потрошени парите

  • „Нема информации на колку години ќе е тоа задолжување, дали има градот финансиска моќ, од каде ќе е задолжувањето, дали однапред е договорено? Нема да поддржиме задолжување без да се каже колкава е каматната стапка, каков е грејс периодот и условите за тоа. Арсовска нема информации какви автобуси ќе набавува, на каков погон“ – Пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовска вели дека не чуствува одговорност што на двата јавни повици приватните превозници кои веќе имаат еколошки авотбуси не се пријавиле. А за тоа, дали ќе преговара на веќе долго-очекуваната ветена средба кај Ковачевски, не можеше да одговори. Покана од премиерот се уште немало.

  • „Никаква покана не е упатена, ниту знам што би се разговарало и како би се разговарало, а вотор, не знам ниту со кого би се разговарало, затоа што ние се што имавме да кажеме, се кажа низ постапки. Имаше начин и можност да се седне, да се седне, да се разговра, наместо тоа, добивме навреди.“ – Истакна Арсовска.

Функционирањето на градски превоз доживеа целосен пресврт откако градоначалничката одлучи да ги раскине договорите со приватните превозници „Слобода превоз“ и „Мак-експрес“, по што следеше вистински хаос, на грбот на Скопјани, кои со часови чекаа на автобуските постојки за автобуси кои доцнат или вооптшто не доаѓаат, бидејќи линиите кои ги опслужуваа приватните превозници и после неколку месеци, се уште се впишани во возниот ред како да се сообраќат.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста