Боите влијаат на расположението и емоциите кај човекот, прочитајте како

Боите имаат голема улога во човечката психологија. Во рок од 90 секунди размислуваме за луѓето и производите откако ќе ги погледнеме, а околу 62 до 90 отсто од нашето мислење се темели само на боите.

Од тие причини поединечни компании користат одредени бои во своите амбалажи и логоа за да влијаат на нашите секојдневни одлуки.

“Bright Side” пишува дека боите всушност имаат голема улога во нашите животи и значајно влијаат на нашите реакции. Во продолжение прочитајте поединечности за одредени бои.

Розова

Розовата и сината боја се сметаат за смирувачки бои, ја намалуваат агресијата, но тие се предмет на бројни расправи за тоа дали розовата боја е наменета само за девојчињата, а сината за момчињата. На многумина можеби ќе им делува неверојатно, но некои затвори во светот се обоени токму во розова боја за да се намали агресивноста.

Жолта

Жолтата евоцира среќа пред сè бидејќи е исклучително светла боја која буди, но со самото тоа и премногу ги стимулира очите и одвлекува внимание. Поради тоа ретко се користи во ентериерот на авионите и другите превозни средства.

Црвена

Иако можеби се спротивставува на врежаното мислење, но црвената боја не го поттикнува апетитот. Можеби ова сознание изненадува, но една научна студија ја потврдила неговата вистинитост. Збунестоста веројатно настанува поради фактот што амбалажите на многу нездрави прехранбени производи се токму во црвена боја.

Сина

Сината боја дополнително смирува, но интересен е и фактот дека оваа боја всушност влева доверба во компаниите кои имаат сино лого. Сината боја е омилена на многу банки, ИТ компании и компании за осигурување и тоа со добра причина бидејќи прават да се чувствуваме побезбедно.

Портокалова

Портокаловата боја е исклучително силна и воочлива, па таа често се користи во ситуации кога одредени работи треба да се нагласат, како на пример во изработката на затворските униформи. Но, таа исто така поттикнува и на забава.

Бела

На многумина им се чини логична одлуката ѕидовите на канцелариите да бидат бели бидејќи таа боја не предизвикува силни емоции, меѓутоа експертите за ентериер предупредуваат дека тоа е често погрешна одлука. Сепак, истражувачите откриваат дека вработените во канцеларии со бели ѕидови прават многу повеќе грешки во својата работа отколку оние кои работат во канцеларии со црвени или зелени ѕидови.

Зелена

Не е невообичаено луѓето да го пополнуваат своето работно опкружување со билки, но дури и зелените ѕидови или тапетите можат да имаат позитивен ефект врз нас. Од неодамна е познато дека зелената боја ја зголемува визуелната креативност, додека нејзиното влијание на вербалната креативност е занемарлив.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста