Женската ракометна репрезентација на Македонија ги доби противниците во квалификациите за Светското првенство во 2021 година

Женската ракометната репрезентација на Македонија ги доби противниците во квалификациите за Светското првенство во 2021 година. Исланд, Литванија и Грција, ќе бидат ривалите на нашите ракометарки во првата фаза од квалификациите за Мундијалот кој ќе с еодржи догодина. Мечевите ќе се играат во форма на мини турнири во периодото од 27 до 29 ноември или од 4 до 6 декември. Светскито ракометен шампионат за жени, следната година ќе биде проширен односно ќе има 32 учесници, наместо досегашните 24, што значи дека е зголемен бројот на европски селекции кои ќе бидат дел од завршницата. Се очекува по првиот филтер Македонија да биде на едно од првите две места во својата група што ќе значи и пласман во вториот дел од квалификацискиот циклус односно баражите закажани за јуни следната година.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста