Уапсен албански државјанин, илегално ја преминал границата со Албанија


На 15.09.2020 во 14.30 часот во с.Горна Бошава, кавадаречко, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Михајлово“ привеле лице кое не поседувало документи за идентификација, а се преставило како албански државјанин. Набрзо бил утврден неговиот идентитет, односно станува збор за А.М.(53) од Р.Албанија, кој при извршениот разговор изјавил дека државната граница од Р.Албанија кон Р.Македонија илегално ја преминал во близина на Граничниот премин Ќафасан, по што илегално престојувал во Р.Македонија. Тој бил предаден на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ за понатамошна постапка.