СО МЕЧ БЕЗ ПУБЛИКА МЕЃУ БАЕРН И ШАЛКЕ ВЕЧЕРВА ЗАПОЧНУВА БУНДЕС ЛИГАТА

Со натпреварот Баерн Минхен и Шалке вечерва започнува 58-то издание на Германската Бундес фудбалска лига. На Алијанц арената требаше да има и гледачи, договорено беше 7 и пол илјади да го следат мечот во живо, но вчерашното зголемување на бројката заболени од корона во главниот град на Баварија го принудија градоначалникот на Минхен да забрани присуство на навивачите, па прославата на сите титули на Баерн од претходната сезона, вклучувајќи го и пехарот од Лигата на шампионите, ќе мора да мине во најтесен круг.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста