Алиоски со Лидс слави за пласман во Премиер лигата

Седум години по последниот настап на наш фудбалер во престижната Премиер лига македонски играч ќе се појави во дрес на некоја екипа која ќе биде дел од Првата Англиска дивизија. Станува збор за Езгјан Алиовски кој со Лидс од синоќа прославува враќање на клубот на највисоко ниво иако не играше и тоа ќе го стори утре против Дерби. Целата ситуација во финишот на Чемпионшип за екипата од Иланд Роуд ја олесни ВБА која загуби кај Хадерсфилд и веќе не можа да го стаса Лидс, кој на крајот ќе биде најмалку втор и ќе оди директно во Премиер конкуренцијата. Инаку колку е Езгјан важен за Лидс најдобро говори податокот за 37 меча и 5 гола.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста