Алфа на терен: Доматот поевтин во супермаркет, отколку на пазар – од сега замрзнато овошје и зеленчук


Deprecated: Implicit conversion from float 1714297897.747208 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

За функционерите фантастично покачување на платите, а за граѓаните замрзнато овошје и зеленчук. Од сега во сила е владината одлука за ограничување на цените. Нашата екипа направи обиколка по супермаркетите и зелените пазари и ги спореди понудите.

Доматите, краставиците, кромидот, пиперките поевтини во маркет отколку на пазар. Откако стапи на сила владината одлука – овошјето и зеленчукот да се продаваат по замрзната цена, не секаде тоа се почитува. Додека пак во малите пиљари и гранапи дел од зеленчукот веќе го снема од рафтовите, зашто трговците немале есап да го продаваат со загуба. Доволно е да се направи обиколка низ поголемите маркети каде може да се забележи дека од сега доматите се продаваат по 70 денари за килограм. Краставици 75, кромидот 60, пиперките 90 денари, ама не сите, пиперки има и по 250 денари за килограм. Но ваква нее сликата на зелените пазари, каде трговците се уште се немаат прилагодено по новите правила.

На тезгите цените не се променети, зашто како што велат трговците, увезената цена била многу висока, па затоа тезгаџиите немаат ќар за да ја намалат цената како што бара Владата. На дел од тезгите по зелените пазари немаше домати, ама онаму каде останале, робата велат им била од вчера, но не по намалена цена.

Граѓаните со душа чекаат да купат поевтино. Но велат дека овошјето и зеленчукот за добар дел од нив и натаму е луксуз. Велат Владата е таа која го раскарал народот, додека за нив си покачуваат плати.

  • За функционерите фантастично покачување на платите, дупло би рекла, а за нас – граѓаните замрзнато овошје и зеленчук. И леб, и макарони, а они нека се богатат, нека си тераат како сакаат, искрено би рекла дупло за нив треба зголемување на платите, не само 80%. Си не мотатат како сакаат, а ние ќе си јадеме за еден до два денари поевтино, со нашите мизерни плати и пензии кои не стасуваат од први до први, реагираат граѓани пред камерата на Алфа.

Одлуката за определување највисоки цени за овие видови овошје и зеленчук ќе трае до крајот на годинава. Одлуката е донесена согласно направените анализи, а во кои било забележано дека има големи маржи кои изминатиот период стасале и до 250%.

Сето тоа укажува дека македонските граѓани, плаќале огромни цени затоа што и огромен дел од добивката заминувала кај откупувачите, увозниците и дистрибутерите. Токму тие се најгласните противници на замрзнувањето на цените, додека оваа мерка во голем дел беше поздравена од страна на граѓаните.

Инаку, ова е петто замрзнување на цените оваа година. Пред овошјето и зеленчукот беа замрзнати цените на тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените и хигиенските влошки.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 174