ССМ поднесе тужба до Владата зашто не ги усогласила платите со порастот на минималецот

Владата не ја добила тужбата од Сојузот на Синдикатите на Македонија, од каде најавија дека поднеле заради тоа што сомесеци нивната битка за линеарно покачување на платите во јавниот сектор од 2.806 денари и неусогласување на платите со минималната плата, не вродија со никаков плод. Од „Илинденска“ се чини немаат никаква стратегија, ниту пак ќе им понудат нешто на работниците. Тие пак се заканија, ако не успеат пред домашните судови, битката ќе ја тераат до Стразбур. 

Поради неусогласување на платите со порастот на минималната плата, Сојузот на Синдикатите на Македонија по долго предупредување поднесе тужба против Владата. Од таму за Алфа велат уште не ја добиле. Во меѓувреме ССМ предупредува: ако битката не ја добијат пред домашните судови, одат во Стразбур. Не посочуваат колку ќе „тежи“ тужбата, но велат државата многу ќе изгуби, ќе плаќа судски трошоци, а работниците на крај ќе си го добијат заслуженото. Велат дека со ваквиот игнорантски чин се дискриминираат голем број на вработени како во јавниот, така и во приватниот сектор.

  • Како Сојузот на синдикатите на Македонија поднесовме тужба против Владата поради тоа што со непостапување беа дискриминирани голем број на вработени во јавниот сектор, но и во приватниот. Неусогласувањето на колективните договори со Законот за минимална плата, односно одбивањето на Владата да се вклучи во суштествен социјален дијалог за зголемување на останатите плати пропорционално со зголемувањето на минималната плата е причина и за генерален штрајк во цел јавен сектор кој веќе трет месец. Владата добро знае дека е должна да постапи и да го примени член 8 од Законот за минимална плата и да ги зголеми платите за износот утврден во последното зголемување на минималната плата за сите вработени во јавниот сектор без дискриминација, вели за Алфа претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Неусогласувањето на колективните договори со Законот за минимална плата, е причина и за штрајк во јавниот сектор кој веќе трет месец трае онаму каде што не се усогласени платите на вработените и за прв пат во историјата се случува да трае толку долго, а Владата одбива да разговара со работниците.

  • Владата не постапи во целост согласно Закон за измени и дополнување на Законот за минимална плата објавен во Сл. весник бр. 41/2022 година со кој е утврдена висина на минимална плата во износ од 18.000 денари во нето износ, што преставува зголемување од 18,4% во однос на вредноста на предходната минимална плата. Постапувајќи на овој начин Владата го наруши принципот на еднаквост на граѓаните и работниците кој е уреден во член 9 од Уставот на Република Северна Македонија во однос на остварување на нивните права и обврски кои произлегуваат од работниот однос, велат меѓу другото од ССМ.

Додека Владата ја чека тужбата од ССМ не кажува кои конкретни чекори ќе ги преземат во меѓувреме. Велат тоа ќе се знаело откако ќе се утврдела методологијата.

  • До владата до сега не е пристигната тужбата, оттаму не сме запознаени со содржината. Во однос на другите прашања, како што работниците во одредени сектори добиваат повисоки плати, така, соодветно, штом заврши започнатиот процес за утврдување на методологијата за пораст на плати во јавниот сектор, ќе добијат повисоки плати и одржлив механизам за натамошни усогласувања, велат за Алфа од Владата.

И додека власта ни мува не ја лази околу реалните проблем на работниците, Синдикалците се видно револтирани што надлежните биле толку лежерни.

Наспроти овие лажни ветувања, од овој месец, повисоки плати за 5% добија вработени во МВР, и за 15% просветните работници. Сите останати оставени се на цедило.

Синдикатите со месеци протестираа пред Владата, собранието, министерствата, и бараа одговорност и оставки, но ништо од тоа не вроди со плод и се пропадна во вода.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста