Патна аптека – Што се треба да имате во неа?

Започна сезоната на годишните одмори, макар во време на опасна пандемија. Оттаму, има нешта што мора да се најдат во вашата патна аптека ова лето?

Клиничкиот фармаколог Јанко Самарџиќ вели дека патната аптека во ваква состојба има посебно значење за време на патувањето.

Секогаш треба да се размислува за аналгетик што треба да ја ублажи болката.

Антипиретик за намалување на телесната температура, што може да биде симптом не само на ковида-19, туку и за други инфекции, наведува Самарџиќ.

Треба да се посвети посебно внимание на земање на пробиотик заради инфекции на стомакот. Но и на антисептички раствори, во случај на повреди, заедно со фластери и завои.

Со себе треба да се земени некоја антихистаминска маст, што ќе помогне при алергиски реакции.

Секако, треба да бидете внимателни со секој лек што го земате. Граѓаните, секако, да го користат лекот како што е нагласено во упатствата и да ги пријават сите можни негативни ефекти на лекарот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста