Од кога е топло „ЕСМ“ се фали дека ги покриле потребите на домаќинствата и малите потрошувачи со домаша струја, опозицијата вели дека лажат

Пукна балонот од лаги на ЕСМ, во државата се увезува струја, а ја плаќа бизнисот кој секој ден тоне, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако власта секојдневно се фали дека ги покриле потребите на домаќинствата и малите потрошувачи со домаша струја. Од опизицијата велат дека власта признала дека не биле способни да стават во функција ниту 50% од РЕК Битола и Осломеј, и било срамота е што се фалат дека успеваат да го покријат само регулираниот пазар.

Сонцето и високите температури добро и дојдоа на Владата, па државните електрани речиси секој ден испраќаат соопштенија дека домашната произведена струја во целост ги задоволува домаќинствата и малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар. Последно во низата, е владиното соопштение во кое се вели дека „ЕСМ“ синоќа целосно ги задоволило потребите за струја.

  • АД ЕСМ вчера произведе 11.036 мегават часови електрична енергија, од кои во термоелектраните се произведени 8.780, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк „Богданци” 2.256 мегават часови, информира Владата.

Од ЕСМ, преку Владата, уште на 26 минатиот месец испратија соопштение во кое се наведува дека без увоз, исклучиво од сопствено производство, ЕСМ изминатото деноноќие ги задоволи потребите од струја на домаќинствата и малите потрошувачи. Вакви слични соопштенија следуваа уште неколку.

  • Во термоелектраните се произведени 8.824 мегават-часа, а во хидроелектраните и во ветерниот парк Богданци произведени се 2.511 мегават-часа. Во функција се два блока во РЕК ‘Битола’, работи РЕК ‘Осломеј’, а продолжуваат и сервисните активности во ТЕЦ ‘Неготино’, се додава во соопштението од 26.10.2022 година.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак тврди дека Владата и ЕСМ лажат, односно дека термоелектраните РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“ работат со половичен капацитет, па струја се увезува – што значи дека самостојно електраните не ги задоволуваат домашните потреби.

  • Рек „Битола“ и РЕК „Осломеј“ заедно имаат инсталиран производствен капацитет од 810 мегавати. Тој капацитет не е искористен, ниту половично. Имено на 24 октомври според јавно достапни информации, се гледа дека во функција биле 361 мегавати, односно 44,6% од инсталираниот капацитет. И во такви слаби услови, термоелектеаните произвеле над 70% од домашната струја“, велат од опозицијата.

И додека Владата се фали дека се било под контрола, бизнис секторот повторно во грч, поради најавата за ново поскапување на струјата по Нова година. Цената на берзите постојано се менува, а во споредба со лани таа е повисока од пет до седум пати, што директно влијае на ликвидноста на фирмите. Владата им порача дека остануваат да плаќаат струја како на берза- а не пониска како што индустријата бараше.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста