Министерката за култура не може да изводи ни еден крупен капитален проект

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на дешната прес-конференија не знаеше да изводи ниту еден крупен капитален проект во областа на културата. Во нејзината изјава секој втор збор и беше „реновиравме“, „овновуваме“, „дотеруваме“, без да каже што изградиле, или пак што ќе изградат во наредниот период.

За моменти дури и се уфрлаше во збор и портаролката Марија Зафироска, која не и дозволуваше да се изјасни министерката, при што на момети министерката велеше „само момент“, сакајќи да каже нешто, односно да се надополни на одговорите кои беа целосно празни.

Пет министри од актуелната власт не успеаа да реализираат речиси ништо од се она што бомбастично го ветуваше Владата предводена од СДСМ.

Еве ја целата изјава на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста