Лажни се и денешните дојави за бомби во 15 скопски училишта

По вчерашното затишје, денеска рекорден број на училишта добија дојави за поставени бомби. Изутрината во 8 и 30 часот, дури 15 образовни институции на своите електронски адреси добиле заканувачки пораки.
Од министерството за внатрешни работи велат дека ги евакуирале сите објекти, а по направените анти-терористички проверки, утврдиле дека повторно станува збор за лажни дојави.

Граѓаните велат дека се разочарни од власта оти не може да се справи со бомбашките закани и оти дојавите за бомби не предизвикуваат вознемиреност само кај учениците, туку и кај родителите.

Македонскиот главен град засега не е единествената цел на лажните дојави за бомби.
Освен во Скопје, дојавите за бомби во училиштата стануваат редовна појава и во Белград, Сараево и Подгорица.

Во Црна Гора откако два дена по ред беа евакуирани образовни институции, се донесе одлука наставата да се одвива онлајн.
Од министерството за образвоание и наука засега не размислуваат за онлајн настава. Велат дека решенија за изгубените часови треба да изнајдат раководствата на училиштатата.

– „Училишните раководства кои се најодговорни за квалитетен и безбеден воспитно – образовен процес, согласно позитивните правни прописи, имаат должност да изнајдат начин и до крајот на првото полугодие да ги надоместат пропуштени часови“ – Велат Министерство за обрзование и наука.

Поради дојавите за поставени бомби, скопските средношколци се соочуваат со губење на наставни часови од самиот почеток на ова полугодие. За разлика од земјите во соседството, кај нас освен осуди и заложби за подигање на безбеноста, се уште нема конкретни решенија за непречено одвивање на наставата.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста