Димовски за Алфа: Мерките ај што не се доволни па и доцнат, работниците никаде ги нема

Наместо реални и мерки за граѓаните и стопанството, владината помош е задоцнета и недоволна. На работниците им треба реална помош сега и одма, а не процедурата уште еднаш да глави во Собрание, рагираат од Сојузот на синдикати на Македонија. Првиот човек на Синдикатот за Алфа рече дека Владата мора да покаже сериозност, и на работникот да му се даде платежна картичка за купување на прехрамбени производи, но и ваучери за струја, зашто во земјава не живеат само пензионери и ранливи категории граѓани, туку и работниците со ниски примања.

  • Работниците не се опфатени, пак ли ќе се заглавиме во собранието, пак ли ќе се чека партиски дилови. Време за чекање немаме. Мерките се задоцнети. Како може да сувенционираме толку мала сума? Нас ни требаше реален пораст на платите. Владата треба да знае дека треба да се помогне на работниците кои земаат пониски плати. Ова што го слушнавме ќе го изанализираме и на Економско социјалниот совет во среда, ќе дадеме свои препораки и барања, рече Димовски во изјава за Алфа.

Димовски е незадоволен што владиниот пакет мерки не ги опфаќа над 100-те илјади вработени кои земаат минималец од 18.000 денари. Според него, потребна е добра методологија што ќе овозможи платите да го следат порастот на инфлацијата и на синдикалната потрошувачка кошница.

  • Работниците мора да бидат субвенционирани, зашто со инфлација над 18% не може да се излезе крај со крај. Апел – да не дојде до социјален немир, да се реши ова сега и веднаш, да има реално покачување на платите, согласно растот на минималецот. Да се даде платежна картица за купување на прехрамбени производи, и да се дадат ваучери за струја, додава претседателот на ССМ.

Барањата на ССМ се однесуваат на доследна примена на одредбите од колективните договори за усогласување на платите согласно порастот на инфлацијата, продолжување на важењето на досегашни анти-кризни мерки со замрзнување на маржата кај досега определените продукти, како и проширување на повеќе прехранбени продукти, но и бесплатен градски превоз до и од работа.

И додека власта носи антикризни мерки, стопанството очекува реална и навремена помош. Последните најави се дека мерките за компаниите ќе бидат објавени до крајот на месецов. Во меѓу време, владата ги понуди да користат поволни кредити и консултантски услуги за проекти во енергетската ефикаснот и обновливи извори на енергија.

Целиот пакет помош тежи 350 милиони евра, за граѓаните и компаниите полесно да ја пребродат кризата. Според планот, околу 42 илјади граѓани во наредните четири месеци ќе добиваат по 3.000 денари, а пензионерите со најниски примања ќе добиваат по 1.500 денари месечно.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста