Котлина

Криминалистичка мини серија во 5 продолженија, чии креатори се Денис Танович познат по добитникот на оскар Ничија Земја, и Аида Бегич, која е позната по филмовите Деца и Снег.
Серијата се одликува со врвна продукција, интересно и возбудливо сценарио и одлична актерска екипа.
Откако во Националниот музеј на Сараево е пронајдено мртво машко тело, инспекторите Едиб Пашич, кого го игра Федја Штукан, и Мидо Зеца, кого го глуми Борис Лер, се детективите кои први доагаат на местото на злосторот и се одговорни за овој случај.
Медиумите се многу малку заинтересирани за ова убиство или несрекен случај, како што на почетокот ке се претстави, но кога телото ке исчезне од мртовечницата, сомнежите дека можеби целиот случај е наместен ке станат реалност.


Како што случајот ке добие поинаков тек и кога ке почнат да се дознаваат скриените мотиви на вработените од музејот, така истрагата ке ги вовлече инспекторите во свет на корупција, притисоци, лични неуспеси, па дури и меѓународен криминал.
Одлуките кои ке следат откако инспекторите ке навлезат длабоко во криминалното подземје на Сараево, ке ги натераат да ја променат целосно својата реалност за градот кој толку многу го сакаат.