За 300 проценти е намалена смртноста на најмладите пациенти на Детската Клиника во последните две години. Ова е најниската стапка на смртност каj хоспитализирани деца во историјата на Клиниката. Особено охрабруваат споредбените резултати за првото тромесечје од 2026 кога стапката на смртност изнесувала 0,27 проценти што е најниско ниво во последните 17 години. Највисока стапката […]
За 300 проценти е намалена смртноста на најмладите пациенти на Детската Клиника во последните две години. Ова е најниската стапка на смртност каj хоспитализирани деца во историјата на Клиниката. Особено охрабруваат споредбените резултати за првото тромесечје од 2026 кога стапката на смртност изнесувала 0,27 проценти што е најниско ниво во последните 17 години. Највисока стапката на смртност била забележана од 2009 до 2013 кога достигнала 1.54 отсто.
– Анализите покажуваат дека, на пример, во 2015 година процентот на починати пациенти во однос на хоспитализираните пациенти изнесувал 1,51 отсто, додека во 2025 година стапката на смртност паднала на 0,51 процент–истакна директорот на Детската Клинка Реџеп Мемеди
Директорот Мемеди додава дека силниот професионален и човечки мотив, во чиј фокус секогаш е животот и здравјето на децата, е една од главните причини за намалената смртност..
-Ова значително намалување на стапката на смртност, како клучен параметар за квалитетот на медицинските услуги, е резултат на заедничката тимска посветеност и 24-часовниот ангажман на најдобрите експерти по педијатрија и целиот медицински и немедицински персонал на Детска клиника–истакна директорот на Детската Клинка Реџеп Мемеди
Овие позитивни резултати вели директорот Мемеди се и плод на подобрувањето на условите во Клиниката. Во изминатите две години, реализирани се повеќе од 24 капитални проекти и други активности од витално значење за институцијата и здравјето на децата.
