Skip to content

Сиљановска Давкова: Националниорт интерес е најважен

Националниот интерес е најважен – да имавме во многу прашања консензус поинаку ќе поинаков ќе беше односнот на Македонија, оти сега меѓународната заедница мисли дека ние сме ги охрабрувале дека уставните измени се главното решение, вели претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во интервјуто за МИА. Шефицата на државата смета дека, освен што ќе се кажат националните интереси […]

Националниот интерес е најважен – да имавме во многу прашања консензус поинаку ќе поинаков ќе беше односнот на Македонија, оти сега меѓународната заедница мисли дека ние сме ги охрабрувале дека уставните измени се главното решение, вели претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во интервјуто за МИА. Шефицата на државата смета дека, освен што ќе се кажат националните интереси и ставови треба да се бранат. Но потенцира, дека ЕУ треба да се размисли околу методологијата на преговорите односно како што вели не може да се однесува кон Македонија „молчи и слушај“, затоа што е мала земја.

  • Ние да имавме во многу прашања консензус и да не ја исклучувавме опозицијата – и сега не треба да се исклучува, нема демократија без опозиција – многу полесно ќе речевме: „Извинете, имаме задршка во поглед на ова решение, не е баш така. Мора да ги прашаме сите, да им откриеме“. Поинаку ќе гледаа на нас. Ама начинот на кој се однесуваа, се однесуваат кон нас од надвор, покажува дека ние сме ги охрабрувале дека уставните измени се главното решение. И, извинете, 36 амандмани, и сега нови. Решија нешто тие? – Не“, додава претседателката.

Сиљановска Давкова смета дека решението дека националниот консензус се гради во своите граници и поради тоа се обидела да воспостави контакт со опозицијата бидејќи според неа мора прво дома да сме одногласно.

  • Се обидов, верувајте ми, се обидов со најдобра намера да воспоставам контакт со опозицијата, да објаснам дека ако сме едногласни дома, да не одиме, прво, надвор, без да се договориме дома. Второ, да научиме дека надвор не се кажува она што се кажува дома. Често го цитирам Хелмут Кол кога го прашуваа во Шпанија за проблемите со финансирањето на партиите, а тој рече: „Не можам јас овде да одговорам, дома кога ќе дојдам, да“. Ние многу сакаме да раскажуваме пред другите и многу се восхитуваме од комплиментите. Дури и кога сме свесни дека не ни личат, мислиме дека е така. И тогаш правиме некои нешта што не се добри. Не се добри воопшто,“ истакна претседателката.

Претседателката потсетува дека уставните измени нема да ја завршат македонската интеграција туку тоа само е почеток на преговорите со Унијата.

  • „Честопати слушаме во јавноста дека, уставни измени и готово. Пазете уставни измени за почеток на преговори, такво нешто немало. Членство имало пред членство, ама уставни измени за да почнете преговори особено после интересно прашање на интересен реверендум ако се сеќавате, дали сте за членство во ЕУ и НАТО“ вели претседателката.

Паралелно, треба да испорачуваме и резултати дома. Во извештаите континуирано имаме забелешки за правосудството чие решение е во сериозни проблеми вели претседателката. Според неа јавноста била сведок на еден антисистем во кој недозоленото станало нешто редовно.

  • За тоа треба време, меѓутоа тука сум и јас многу строга, имам сè уште забелешки. Мислам дека ако не решиме да раскрстиме со партизацијата и политизацијата при аплицирањето, при изборот на луѓето во судството, во Јавното обвинителство, во Уставниот суд, во Управниот суд, во управните одбори и така натаму, тогаш ќе се вртиме во круг“ – истакна претседателката.

Според претседателката, не е само усогласувањето на законодавството, туку подеднакво важни се и построги критериуми за изборот на судии и јавни обвинители, што сигурно ќе се одрази на нивниот интегритет и дигнитет во постапувањето.

Реклама

Уште од Uncategorized

Uncategorized

Hello world!

Брзината на вчитување на веб-страницата е еден од најважните фактори за корисничко искуство и SEO оптимизација. Доколку вашата…