За телевизијата

За телевизијата

Алфа ТВ е приватна национална телевизиска станица, која започна да емитува на македонски јазик на трети јуни 2008 година во Скопје и во посредство на сателит во цела Европа, Северна Африка и делови на Азија. Од Јуни 2013 Алфа стана национален телевизиски канал. Програмата може да се следи и преку македонските интернет телевизии , како и на официјалниот веб портал на Телевизија Алфа.

Телевизијата е од конвенционален карактер, што значи дека нуди информативни содржини, културно-забавна програма, која ја опфаќа филмската и документарната продукција и спортска програма. Соодветно на тоа и организациски редакциите се поделени на информативна, контактно-забавна и спортска редакција, каде што работат преку 50 новинари и уредници, а во целата телевизија се вработени вкупно 137 луѓе.

Телевизијата е опремена со најсовремена технологија и е една од најдобро опремените телевизии во регионот. Продукциската опрема во Алфа е целосно дигитализирана. Базирана е на систем кој работи во XDcam формат (дигитален запис на камерата) и на BlueRay дискови. Телевизијата има две студија. Првото на површина од околу 220 квадратни метри е наменето за продукција и има седум камери плус кран камера, а второто студио на површина од околу 72 квадратни метри е наменето за вести и е опремено со три камери. Во техничкиот оддел на Алфа телевизија работат 11 монтажери, 12 сниматели, 6 режисери, 6 реализатори, 8 видео миксери и 8 тон мајстори.

Advertisements

Поврзани вести