Поддршка на приватните иницијативи, но и реализација на државни проекти. Владата е фокусирана и на проекти од социјален карактер, како што се капацитетите за сместување на стари лица. Во државава официјално од денеска стартува со работа уште еден ваков капацитет. Станува збор за проект на приватната компанија Адора Инженеринг во скопски Илинден, со капацитет за […]
Поддршка на приватните иницијативи, но и реализација на државни проекти. Владата е фокусирана и на проекти од социјален карактер, како што се капацитетите за сместување на стари лица. Во државава официјално од денеска стартува со работа уште еден ваков капацитет. Станува збор за проект на приватната компанија Адора Инженеринг во скопски Илинден, со капацитет за сместување на 150 лица. Премиерот Мицкоски, кој присуствуваше на отворањето, порача дека државата ќе продолжи со политиката на поддршка. Дополнително, стартува постапка за изградба на уште два државни капацитети за сместување на стари лица.
