Подлабок здив за помалку стрес- во време на напнато темпо на живот каде секојдневието е оптоварено со обврски и притисоци, многумина спасот се почесто го наоѓаат во јогата. Илјадници луѓе ширум светот денес го одбележуваат Меѓународниот ден на јогата, древна практика која промовира здрав живот, физичка активност и внатрешен мир. Таа не е вежба на […]
Подлабок здив за помалку стрес- во време на напнато темпо на живот каде секојдневието е оптоварено со обврски и притисоци, многумина спасот се почесто го наоѓаат во јогата. Илјадници луѓе ширум светот денес го одбележуваат Меѓународниот ден на јогата, древна практика која промовира здрав живот, физичка активност и внатрешен мир.
Таа не е вежба на физичко ниво, е и тоа, но е многу подлабоко, преку здивот ние се конектираме со својата внатрешност, оној внатрешен свет, со цел да обезбедиме мир, односно да се смири умот, за да можеме да ја развиеме својата интуиција, да можеме да бидеме способни во вистинско време да одреагираме на вистински начин. – вели Теодора Костовска, сертифициран учител по јога.
Интересот за јогата расте затоа што не е потребна посебна физичка подготвеност за да се започне со нејзино практикување на било која возраст, додека придобивките се огромни.
Мислам дека јогата нуди решение за балансиран начин на живот, како да се справите со стресот, како да ги управувате вашите надворешни конфликти, внатрешните конфликти, а потоа и како да бидете поврзани со околината, со универзумот. – порача Арун Кумар Саху, амбасадор на Индија во Македонија.
Грижата за физичкото и менталното здравје е од огромна важност и треба да биде приоритет и навика на секој човек, а учесниците на денешниот настан порачуваат дека токму јогата како начин на поврзување на умот и телото може значително да придонесе во подобрување на квалитетот на живот.
Ана Минин
