Skip to content

Корупцијата меѓу јавниот и приватнот сектор е пречка за Евроинтеграциите

Двонасочната корупција меѓу јавниот и приватниот сектор, останува една од најголемите пречки за државава на патот кон Европската Унија. Делот кога компании и државни службеници меѓусебно си обезбедуваат незаконски привилегии, едните преку финансиска или друга корист, а другите преку влијание врз одлуки, тендери и дозволи, е честа практика и во земјите во регионот. Како да се спречи влијанието меѓу јавниот и приватниот сектор и да се зајакне интегритетот на институциите, денеска дебатираа министри, експерти и државни службеници. Франција порача дека цврсто стои зад реформскиот процес и ќе продолжи да ја поддржува земјата на патот кон ЕУ. Македонија како кандидат мора да се избори со оваа појава за да може да ги исполни обврските од поглавјето 24 за чеклнство во ЕУ.

„Потенцираме дека борбата против корупцијата не е нешто што се бара, туку е важно само по себе бидејќи е многу важно за граѓаните. На крајот на краиштата корупцијата значи загуба на пари, а тие пари може да се вложат во изградба на болници, училишта, патишта и слично и спречувањето на корупцијата е многу важно за селото општество“, изјави Полин Жирар, францускиот амбасадор во Македонија.  

Претседателот на антикорупциската комисија Адем Чучуљ упати апел до Собранието да се изгласа поднесената стратегија за намалување на корупцијата за следниот петгодишен период. Патем, во истата стратегија има внесено и насоки за намалување на корупцијата,на релација, бизнис-државни институции.  

АДЕМ ЧУЧУЉ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АНТИКОРУПЦИСКА

„Интегритетот само во јавниот сектор не е доволен, треба паралелно да се отвори со приватниот секотр кој е друата страна која прудицира корупција, оттаму ваквите настани се особено значајни за да се дискутира за начините на корупција и да се предлагаат мерки за нивно надминување“, рече Адем Чучуљ, претседател на антикорупциската комисија.

Покрај државнит еинституции и невладиниот сектор, процесот ќе биде воден и од страна на експертите. Франција со нивната експертиза активно ќе помага во борбата со корупцијата во Македонија

„За прв пат се вклучува  важноста на бзинис секторот во спречување на корупцијата во бзинис сектор. За зајакнување  на деловниот интегритет важна е соработка помеѓу приватниот и јавниот сектор“, додаде Хелена Папа, француски експерт.

Учесниците заклучија дека само дигиталните процеси може да придонесат во делот за намалување на корупцјата. Најмала можност за корупција има доколку сите активности се одвиваат преку дигитални алатки, со максимално исклучување на луѓе во процесите на прибирање и реализација на финансиски понуди.

Реклама

Уште од Tоп