Skip to content

Уапсен охриѓанец, кај него најдени оружје и муниција

Три рачни бомби, 22 куршуми различен калибар и две најлонски ќеси со барут пронајдени во дом на 37 годишен охриѓанец од страна на полицијата. По извршениот претрес со наредба на судот, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Охрид го лишиле од слобода Д.А и му го заплениле целиот арсенал оружје кој нелегално го поседувал. […]

Три рачни бомби, 22 куршуми различен калибар и две најлонски ќеси со барут пронајдени во дом на 37 годишен охриѓанец од страна на полицијата. По извршениот претрес со наредба на судот, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Охрид го лишиле од слобода Д.А и му го заплениле целиот арсенал оружје кој нелегално го поседувал. Надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување како оружјето и експлозивите се нашле во сопственост на осомничениот. Од СВР Охрид за Алфа Телевизија велат дека сторителот не е од претходно познат на полицијата и дека јавен обвинител работи на целосно документирање на настанот. Осомничениот го очекува кривична пријава за ,,неовластувано изработување, држење, поседување и тргување со оружје или распрскувачки материи ” предвидена со Кривичниот законик.

Ана Минин

Реклама

Уште од Tоп