Повеќе пари за патишта, железници и инфраструктурни проекти, а помалку за нови вработувања и тековни трошоци. Во Владата утре ќе се разгледува новото прекројување на државната каса, а министерката за финансии уверува дека повеќе пари ќе бидат насочени кон проекти што треба да го поттикнат економскиот развој и да ја забрзаат реализацијата на капиталните инвестиции. […]
Повеќе пари за патишта, железници и инфраструктурни проекти, а помалку за нови вработувања и тековни трошоци. Во Владата утре ќе се разгледува новото прекројување на државната каса, а министерката за финансии уверува дека повеќе пари ќе бидат насочени кон проекти што треба да го поттикнат економскиот развој и да ја забрзаат реализацијата на капиталните инвестиции.
„За првпат ќе имаме зголемување на буџетскиот дефицит како резултат на зголемени потреби за финансирање на капиталните расходи односно за капиталните инвестиции. Што мислам дека согласно законот за буџети нели ги оправдува состојбите“, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.
Ребалансот се прави и поради намалените ДДВ и акцизи со кои се стаблизираа цените на горивата за време на кризата на Блискиот исток. Тоа го зголеми дефицитот за над една милијрда денари, но надлежните велат дека целта секогаш е заштита на животниот стандард на граѓаните.
„Многу е тешко да се направат прецизни пресметки затоа што има и индиректни ефекти. Нашите пресметки покажаа дека некаде една и пол милијарда денари треба да ја корегираме акцизата. Но, мора да бидеме внимателни, затоа велам тешко е да се направат проекциите. Не заборавајте, во изминатиот период ја имавме најниската цена на нафтата во регионот. Се сеќавате дека редици автомобили со странски таблици точеа бензин во Македонија, што значи дека и покрај тој позитивен ефект намалуваме 1,5 милијарда. Кога не би било купувањето од странските лица сигурно негативниот ефект би бил поголем, односно тоа е она што Владата го даде како поддршка на граѓаните и стопанството, рече Димитриеска Кочоска, која е домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ (2026 Annual Meeting of the CEF Governing Board).
Според пресметките на Министерството за финансии економијата годинава треба да порасне за 3,5 проценти, додека инфлацијата се проектира на 4,5 проценти.
