Со концертот ,,Аманет во свила,, на Камерниот гудачки оркестар Полифонија, во недела стартува 47-то издание на Скопско лето. И ова лето Скопје ќе пулсира во ритамот на кутурата и уметноста со 55 настани над 1000 уметници и гости од 10 земји, а ќе се одржат на различни локации на главниот град. Посетителите ќе имаат можност […]
Со концертот ,,Аманет во свила,, на Камерниот гудачки оркестар Полифонија, во недела стартува 47-то издание на Скопско лето. И ова лето Скопје ќе пулсира во ритамот на кутурата и уметноста со 55 настани над 1000 уметници и гости од 10 земји, а ќе се одржат на различни локации на главниот град. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во многу музички настапи, драмски изведби, ликовни изложби и други културни настани.
-Нашата програма трае 40 дена, и оваа година ќе имам 55 настани на различни локации, различни институции, отворени сцени и концертни сали.Програмата е мултижанровска, значи имаме застапено мултумедијални проекти, уметнички изложби, концерти претстави за најмладите, театарски претстави –истакна директорката на Дирекцијата за култура и уметност Василија Чали.
Проектот ,,Аманет во свила,, со кој стартува Скопското лето, а ќе се одржи во Музејот на македонската бпрба, е еден специфичен проект кој за прв пат ќе биде изведен на нашите простори.
-Тоа едно безвременско патување низ традицијата и византискиот … ќе се изведат композиции од вековите наназад до ден денеска со сите оние примеси од културите што поминале кај нас– истакна Орце Ицкоски-Уметнички центар Полифонија.
Целта на настанот е да се доближи културата до граѓаните и да се понуди квалитетна програма. Со децении наназад фестивалот Скопско лето преставува препознатлив белег на културниот живот во главниот град кој нуди програма за сите генерации.
