Skip to content

Тутунарите ги добија субвенциите: Добија нешто повеќе 3,3 милиони евра, вкупната помош за земјоделците достигна 24 милиони евра

Парите легнаа на сметките на тутунарите. Нешто помалку од 3,3 милиони евра днеска се исплатени врз основ на субвенции. Вкупната државна помош за земјоделците во изминативе две години достигна повеќе 24 милиони евра. Овие буџетски средства за тутунопроизводителите, доаѓаат во период кога тие добиваат три пати повеќе за продаден килограм за разлика од претходно. Премиерот […]

Парите легнаа на сметките на тутунарите. Нешто помалку од 3,3 милиони евра днеска се исплатени врз основ на субвенции. Вкупната државна помош за земјоделците во изминативе две години достигна повеќе 24 милиони евра. Овие буџетски средства за тутунопроизводителите, доаѓаат во период кога тие добиваат три пати повеќе за продаден килограм за разлика од претходно. Премиерот Христијан Мицкоски потенцираше дека сега им се исплаќа по 430 и 450 денари за килограм, а пред само пет до шест години сумата била максимални 150 денари.

-Денеска се исплатени оние нешто повеќе од 2 милијарди денари субвенции кон тутунарите, практично денеска веќе ќе ги видат средствата на своите сметки, практично повеќе од 2.000 тутунари кои што ги исполниле условите за да ги добијат овие субвенции. И со оваа исплата оваа исплата вкупната исплата во земјоделието по основ на директни плаќања и преку програмата за поддршка на руралниот развој достигнува сума отприлика 15 милијарди денари, откако оваа Влада речиси пред две години е избрана, изјави Мицкоски.

Согласно бројките јасно се гледа разликата во однос на помошта која ја добиваат земјоделците во текот на минативе две години и претходно. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека тука се гледа кој работи, а кој само прави лажна хистерија во јавноста.

-Ако направиме споредба на овие две години годините 21-ва, 22-ра, 23-та, три години на претходната Влада, тогаш ќе дојдеме до следниот заклучок, во овие две години се исплатени 15 милијарди денари, вклучително и долговите од 21-ва, а претходната во три години, 21-ва, 22-ра и 23-та вкупно нешто помалку од 14 милијарди, една милијарда помалку за три години, оваа Влада една милијарда повеќе за две години, изјави Мицкоски.

Од Министерството за финансии соопштија дека субенциите се исплатени за произведен и продаден тутун од реколатата од 2025-та година, средства наменети за повеќе од 15 илјади тутунари.

Матеја Петровски

Реклама

Уште од Tоп